Се враќа ли „Фершпед“ во ерата на Штерјо Наков?
Објавено во: Економија 08 Март, 2024 10:24
„Фершпед“ прави тригодишен континуиран раст на профитот. И 2023 година ја заврши со добивка што надмина 2 милиони евра. Компанијата нема кредити, а во услови на исти приходи како и во 2022 добивката порасна за 690.000 евра
„Фершпед“ ја враќа надежта и ги грее срцата на неговите мали акционери. По неколку тешки години и премрежија големата македонска компанија е на патот на старата слава и моќ.
Затоа што никој не може да ја оспори вредноста на информацијата добивката на „Фершпед“ лани порасна за 50% во однос на 2022 година и надмина 2 милиони евра.
Добивката на најголемата македонска шпедиција расте трета година по ред и тоа е потврда дека менаџментот ја води компанијата во добар правец. „Фершпед“ почнува да заличува на некогашната компанија гигант во македонската економија.
И уште еден факт што е многу битен. „Фершпед“ не должи на деловните банки. Тоа е информација која низ призмата на тие што вложуваат во хартии од вредност значи потенцијал.
Да почнеме со ред. „Фершпед“ лани работел во објективно речиси идентично опкружување како и во 2022 година. Приходите од продажба лани се 72,16 милиони евра односно само 3 отсто пониски од претходната година. Исто е нивото и на расходите. Изнесуваат 70,4 милиони евра и се 4 отсто пониски од 2022 година.
При тоа, класика, доминираат услугите со карактер на материјални трошоци кои секогаш се најголема расходна ставка во структурата на таа шпедитерска компанија. Изнесувале 57,1 милиони евра. Намалени се за 4 отсто. Трошоците за вработените пораснале за 6 отсто и достигнале 3,4 милиони евра.
Кога ќе се удри „црта“ оперативната добивка на компанијата изнесува 2,16 милиони евра што е за 47 отсто подобар резултат од 2022 година.
Финансиските приходи изнесуваат 118.000 евра, а финансиските расходи се помали од 10.000 евра. Тоа е одлична вест за сите акционери на „Фершпед“.
Обврските на компанија на крај на 2023 година изнесуваат 5,12 милиони евра и тоа се тековни обврски. Во однос на крајот на 2022 година се поголеми за 38 отсто. Од нивната структура се гледа дека нема кредити. Повеќе од половина се обврски кон добавувачи и останати обврски. Важно е да се истакне дека побарувањата на „Фершпед“ се значајно зголемени, дури за 55 отсто и на крајот на 2023 година достигнале вредност од 3,6 милиони евра. Исто така вредно е да се истакне дека вредноста на краткорочните вложувања е зголемена за 76 пати во однос на 2022 година.
Иако во образложението кон фнансиските извешати нема квалитетни информации за тоа во каква финансиска кондиција е „Фершпед“ факт е дека неговиот финансиски резултат е многу подобар од претходната година и дека компанијата не должи на банките.
Тоа се пристојни предуслови за акционерите да се надеваат дека и годинава ќе има дивиденда и дека таа ќе биде повисока од ланските 500 денари за акција.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




