СЕ ВРАЌА ВОЕНИОТ РОК ВО СОСЕДСТВОТО: „Потпишав согласност за отслужување на задолжителен воен рок од 75 дена“, вели Вучиќ
Објавено во: Балкан 14 Септември, 2024 14:11
Сакам да ве информирам дека како врховен командант и претседател на Република Србија го потпишав договорот за задолжителен воен рок на 75 дена. Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука – само изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој ова го изјави на свечената промоција на најмладите офицери на вооружените сили на Србија, што се одржа на платото пред зградата на српскиот парламент.
„Верувам дека Владата на Србија ќе го прифати тоа. Нашата армија мора да биде посилна и посилна и да ги одвраќа оние кои ни се закануваат“, рече Вучиќ.
- Сакам сите да разберете колку ни е потребна силна војска и колку ни е важно да правиме и купуваме ново оружје. Наша желба не е да нападнеме никого, туку сакаме да ги одвратиме оние кои ни се закануваат, а вие сте бедемот и најсилната карпа на тоа одвраќање – им порача претседателот Вучиќ на офицерите и војниците.
Тој им се заблагодари на нив и на нивните родители.
Задолжително за мажи, жени ако сакаат
Да потсетиме, како што претходно беше најавено, задолжителниот воен рок во траење од 75 дена би се состоел од два дела - 60 дена обука и 15 дена вежби. Тоа би било задолжително за мажите, а доброволно за жените.
Првата генерација на нови регрути би можеле да бидат во касарната за една година, ИТ експерти би можеле да завршат во Воено-техничкиот институт. Би имало и опција за приговор на совеста, односно служење воен без оружје, но се огласија и оние кои сакаат да служат двојно повеќе.
Најверојатно, во војска би се вклучиле млади мажи до 30 години и за тоа би биле исплатени, а висината на платата што се споменува била околу 46.000 динари.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




