Се врати „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски
Објавено во: 29 Јануари, 2016 21:14
Популарната колумна „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски од вечерва се враќа со своја веб страница www.sakamdakazam.mk.
Новата неделна колумна ќе излегува секој петок навечер, а за првпат во земјава освен пишана форма ќе има и аудио подкаст, а наскоро и видео верзија.
На сајтот ја има и целата архива од 25-годишното постоење на „Сакам да кажам“, како и можност за бесплатен даунлоуд во пдф на 4-те книги збирки на колумните на Михајловски.
Со новиот вебсајт на Михајловски, „Сакам да кажам“ ја одбележува 25-годишнината од постоењето и е најдолготрајна и најпопуларна колумна во историјата на македонското новинарство.




