17 Декември, 2025
0.0428

Се врати Субрата Рој: Вљубен сум во Македонија

Објавено во: Економија 10 Јули, 2013 21:22

Добивај вести на Viber

Со два приватни авиони, во придружба на својот син како и на менаџерите на компанијата “Сахара Индија Паривер”, индискиот мултимилјардер Субрата Рој, денеска се врати во Охрид.

Членовите на бизнис делегацијата ќе бидат  сместени во три различни хотели.  Хотелот „Славија” , кој во февруари го купи Субрата и хотелите „Гранит” и „Инекс Горица”.

„Јас се вљубив во оваа земја, затоа сум тука. Ја сакам за бизнис, но и за престој. Овој пат со мене има голема делегација. Многу одлуки треба да се донесат, многу работа треба да се започне. Мислам дека работите веќе се созреани,  повеќе созреани за бизнис напредок.  Можам само да кажам дека ние сме тука  со големи планови и големи амбиции, но се во свое време“ изјави Субрата Рој веднаш по слетувањето.

Рој утре изутрина ќе го посети Љубаништа, односно местото каде планира да го изгради еден од десетте најлуксузни туристички комплекси во светот.

Во петок тимот на групацијата  „Сахара Индија Паривер” ќе остварат средба со министерот за финансии Зоран Ставрески, а в сабота ќе се сретнат и со премиерот Никола Груевски. Субрата Рој ќе присуствува и на отворањето на фестивалот „Охридско лето” како гостин на претседателот Горѓе Иванов.

Во сабота на плажата пред хотелот “Славија”  индискиот бизнисмен ќе  организирана свечена вечера, на која е предвидено да настапат индиски музичари.

Според првичните најави до 2020 година во атарот на селото Љубаништа на вода и копно ќе никнат елитни хотели, апартмани, казина, и спортско рекреативни објекти.

Можеби ќе ве интересира

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија