Се запали куќа во Возарци, Митко Јанчев најави помош
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2022
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави дека е изгаснат пожарот во Возарци, каде горела куќа, а на општината ќе му помогне на семејството.
„Пожарникарите од Противпожарната единица Кавадарци со брза интервенција го изгаснаа пожарот кој изби денеска во куќа во село Возарци. Иако е рано да се процени материјалната штета, од страна на градоначалникот ќе се направи се, за да му се помогне на семејството“, пишува Јанчев на Фејсбук.