03 Мај, 2024
0.0258

Се запира Законот за извршување, 7.000 денари помош за семејства - дали мерките на Заев се мерки и на Владата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Целиот економски тим на СДСМ работел и искристализирал пакет мерки за помош на стопанството во екот на коронакризата, кои ќе бидат доставени до Владата на натамошно разгледување. 

Со нив лидерот Зоран Заев денеска излезе пред јавноста. Пресот го одржа веднаш откако министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти дека земјава ќе се задолжи за околу 600 милиони евра, со цел да му помогне на здравството и на стопанството.

Таа кажа и дека Владата во следните денови ќе излезе со нов пакет економски мерки, покрај оние што досега беа презентирани. 

Дали всушност мерките на Заев се оние што следните денови ќе ги усвои Владата, или ќе има модификации, е прашање што се поставува. Тоа би било логично да се очекува бидејќи тој е лидер на владејачката партија, па сосема е сигурно дека тој не настапува без да се координира со својот технички премиер и економски министри.

Еве кои мерки ги предлагаат, за кои велат дека се на здрава основа, со финансиски план за нивна реализација, во вкупна вредност од околу 200 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството.

Од заемите од 600 милиони евра ќе има доволно пари за овие мерки.

Минимална плата за април и мај, обезбедена од државата, за секој работник во приватните фирми погодени од кризата

За сите приватни фирми погодени од кризата владата ќе помогне со исплата на една нето минимална плата по вработен (14. 500 денари) за месеците април и мај. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите за плати, како и персоналниот данок. Секако останува правото на фирмата на своите вработени да даде и поголема плата од минималната нешто што и ќе го очекуваме.

Оваа мерка ќе можат да ја користат сите фирми кои: нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020 година и нема сега, за време на кризата да повлекуваат дивиденди и бонуси на основ на добивка од 2019 година. 

Нема да се пресметува и помошта за бројот на вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари, а сите под таа плата ќе спаѓаат во пресметката за помошта.

Фирмите кои ќе аплицираат мораат во моментот на аплицирањето да имаат најмалку ист број на вработени како пред корона кризата.

За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра.

Месечна плата (паричен надоместок) и за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50 отсто од просечната плата на работникот

За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест – месечна плата, секој месец во висина од 50 отсто од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци односно согласно член 68 од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Каде јасно е објаснето решението за работници кои останале без работа.

Сите функционери и раководители одат на минимална плата

Сите избрани и именувани функционери и раководители на државно и на локално ниво, пратеници, премиер, вицепремиери, министри, градоначалници, директори, раководители, судии и обвинители, ќе земаат минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

Сите вработени во јавен сектор одат на минимална плата

Вработените во се она што се смета за јавен сектор, јавна администрација на државно и локално ниво ќе земат минимална нето плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Оваа мерка не се однесува на вработените лекари и медицинскиот и помошен персонал, полицајците и војниците и тие што работат со нив и околу нив за помагање за справувањето со Корона вирусот.

Претседателите и членовите на советите во општините, управни и надзорни одбори на јавни институции ќе работат без надоместок

Мерката предвидува претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земат никаков надоместок за месеците април и мај. Ова не е време за екстра надоместоци. При исплата на платите и надоместоците, заштедите кои ќе се постигнат, задолжително, сите јавни и државни субјекти ќе ги уплатат во така наречен фонд за борба против Корона (Корона фонд) отворен во рамки на Буџетот на Владата од кој доминантно ќе се спроведува солидарноста кон граѓаните и стопанството.

7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.

За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.

Исто така, со цел поддршка на постоечките корисници на социјална заштита, овозможуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за месец април и мај.

Вкупниот проценет фискален ефект за два месеци за двете мерки изнесува 389 милиони денари или над 6,3 милиони евра.

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни

Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија.

Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаеви кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.

Одложување на кредитите

Банките ќе ги одложат сите кредити на граѓани и фирми погодени од кризата за три месеци. Тоа значи дека априлската рата кредит ќе се плаќа во јули.

Благодарение на Народна Банка и координација со комерцијалните банки, банките го прифатија ова, а некои велат дека ќе овозможат одложување и повеќе од 3 месеци. Доколку не се спроведува, ќе се донесе Уредба со законска сила, но верувам дека нема да дојде до тоа. Владата веќе поднесе и изготви да се донесе Уредба со законска сила за промена на законот за облигациони односи како би можело промнтно без допир, без состаноци да ги прават Анексите и самото одложување на физичките лица, а секако очекуваме на барање на приватните компании погодени од кризата, банките да ги одобруваат ваквите одложувања.

Се ослободуваат од плаќање закуп корисниците на социјалните станови

Од плаќање закуп на социјалните станови ќе се ослободат сите корисници на тие станови, а исто така ќе се ослободат од плаќање закуп и граѓаните и фирмите кои имаат закуп на деловен простор од Претпријатието за станбен и деловен простор. Тоа ќе се случи за следните три месеци додека очекуваме да трае кризата.

Препорачувам до сите приватници коишто издаваат простор да го сторат истото, да одложат и да бидат солидарни во овие месеци верувам дека можат да издржат да ги одложат закупнините односно закупите кои ги даваат на своите клиенти заради тоа што тоа ќе покаже голема солидарност.

Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 6 милиони евра

Развојната банка на Северна Македонија, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 6 милиони евра бескаматни кредити за фирмите под веќе соопштените услови, а каматата ќе ја покрие владата.

Нови 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки

Дополнително, развојната банка на Северна Македонија ќе пушти 50 милиони евра евтини кредити преку комерцијалните банки во износи од 3,000 до 90.000 евра со севкупна камата не поголема од 1 отсто. Во моментот, рече Заев, се преговара за 1 отсто до 1,5 отсто и верува дека банките ќе го прифатат ризикот од 1 отсто, а трошокот на Развојната банка од 0,5 отсто ќе го покрие владата, со конечна цел да бидат максимални најевтини ваквите кредити.

Со уредба со законска сила ќе се забрани фирмите да одат во стечај за време на кризата.

Без разлика дали случајот го покренал доверител, кредитор или самата фирма со покренала стечај. Со тоа ќе се спречи наплив на евентуално неплаќање по пат на стечај. Ова е недозволиво во ваква криза.

Помош за медиумските работници и медиумските куќи

За сите информативни дејности, медиумски куќи, владата ќе обезбеди помош, по една минимална плата од 14.500 денари по вработен за месеците април и мај.

Помош за спортистите и уметниците

За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Поголема можност за пензионерите, лицата со попреченост и бремените жени

Согласно фреквенцијата на граѓани, од 7 до 9 часот наутро, во продавници и аптеки да може да купуваат само пензионерите, лицата со попреченост како и бремените жени.

Ако се докаже дека некоја фирма или поединец, осмислил и остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните користејќи ја оваа криза, Владата може да посегне по донесување на Уредба за национализација, јас ќе ја поддржам во тоа.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор