МВР: Се затвора граничниот премин Прохор Пчински
Објавено во: Македонија 11 Март, 2020
Од утре се затвора граничниот премин Прохор Пчински.
Министерството за внатрешни работи информира дека од утре од 07:00 часот Граничниот премин Прохор Пчински ќе биде затворен согласно насоките на Владата во врска со коронавирусот.
„Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на Заедничкиот граничен премин Табановце-Прешево“, велат од МВР.
фото juzne vesti