Се затвораат читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ кои не чинат ни 2.000 евра месечно
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2018 13:54
Општина Центар ги затвора читалните „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ со фонд од околу 3.000 донирани книги затоа што нема предвидено пари за таа намена во буџетот за 2019-та.
Овие читални со голем ентузијазам од општината, уметниците и читателите беа отворени во 2015-та, а зачленувањето во истите, како и задолжувањето со книги беше бесплатно за љубителите на пишаниот збор.
- Овие две читални не прават никаков трошок, затоа што самите книги ги донираат ентузијасти. Се плаќа само кирија, сметки и по еден вработен. Еве, разбрав дека сопственикот на локалот каде што е „Славко Јаневски“ ќе го издаде просторот за кафе-бар. Младите нека се изложат само на обложувалници и коцкарници, нема потреба да знаат дека постојат библиотеки. Ова е градено со месеци со голем мотив и сега наеднаш треба да згасне - ни рече иронично еден читател.
Од читалните не знаат што да прават со големиот фонд на книги, меѓу кои има и скапи дела, бидејќи тие не се во сопственост на општината и немаат свој простор каде да ги остават ниту пак начин како да ги вратат назад кај донаторите. Ни рекоа дека кај нив се организира и доделување на книжевни награди, чиј конкурс за следната година виси.
Станува збор за две читални кои имаат околу 1.000 членови-читатели. „Славко Јаневски“ се наоѓа на булеварот „Димитрие Чуповски“ додека „Ацо Шопов“ е во трговскиот центар „Беверли хилс“ во Капиштец.
Информацијата ја потврдија и од општина Центар, од каде што велат дека мора да се крати од буџетот бидејќи приходите ќе бидат намалени, иако се работи за незначителен трошок.
- Во следните три години предвидени се помалку пари во општинската каса, поради мораториумот за градби, така што ќе има помалку пари од комуналии и поради тоа мора да се крати на вакви работи. Ние не се откажуваме и ако има пари во иднина, повторно ќе ги отвориме- ни рекоа надлежните.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава
ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад
УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава
„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ
БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје
(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани
Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село





