22 Декември, 2024
0.0358

СЕ ЗНАЕ ЛИ КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ПРОФЕСОРОТ МИХАИЛ ПЕТКОВСКИ ВО ДИРЕКТОРСКИОТ БОРД НА „ТЕТЕКС“ - акционерите ќе гласаат на Собрание во ноември

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Тетовскиот комбинат „Тетекс“ закажа акционерско собрание за 20 ноември, а една од одлуките за кои ќе гласаат акционерите е избор на член на Одборот на директори.

Во најавата за акционерското собрание не е наведено кој ќе биде избран за нов член на Одборот на директори.

Она што се знае е дека тој член треба да го замени професорот Михаил Петковски, кој поднесе оставка од местото член на Одборот на директори на Тетекс. Предлогот за избор на нов член го даваат група акционери, за кои не е наведено кои се и колкав акционерски капитал поседуваат.   

Се наведува дека мандатот на членовите на  Одбор на директори  е шест години и тече сметано од денот на влегување во сила на одлуката за нивни избор. На членовите на Одбор на директори им се утврдуваат права и обврски согласно законот, друштвото и договорите.

Исто така, акционерите треба да гласаат за одлука според која од редот на избрани неизвршни членови, за независни членови се избираат Звонимир Ристовски и Душко Мишевски, согласно одредбите од Законот за трговски друштва.

Одлука која треба да се донесе на акционерското собрание е и таа дека на претседателот  на Одборот на директори на Тетекс му се утврдува месечен паушал во бруто износ од 50.000 денари.

Според податоците од Берзата, претседател на Бордот на директори на Тетекс е Борислав Трповски, што значи дека за него е утврден овој месечен паушал од 50 илјади денари. 

Други членови сега на Одборот на директори се Бобан Гоговски, извршен член и генерален директор на компанијата, Стеван Томовски, Звонимир Ристовски, неизвршен член и независен член, Евгенија Трпкоска и Душко Мишески.

Една од одлуките на акционерите треба да биде и таа на неизвршните  членови на Одборот на директори на Тетекс да им се утврди месечен паушал во бруто износ од 33.333 денари. Тоа значи дека овие паушали ќе ги земаат Ристовски и Мишевски.

Инаку, акционерите ќе гласаат и за предлог одлуката за измена на Статут на Тетекс од април 2020 година, според кој Одборот на директори ќе има седум члена, од кои пет неизвршни членови, и два  извршни члена, од кои едниот го носи називот Главен извршен директор.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА МЛАДИТЕ ЗА КРЕДИТ ЗА СТАН ВО СРБИЈА, ВУЧИЌ ГИ ОТКРИ ДЕТАЛИТЕ - до недвижност ќе можат да дојдат и студентите и невработените

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЗАГРИЖАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

СИТЕ ДЕТАЛИ НА ПРОГРАМАТА СТАНОВИ ЗА МЛАДИ ВО СРБИЈА: Ратата за кредит во првата година ќе биде помала од 100 евра

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

WIZZ AIR БИ МОЖЕЛ ДА ОТВОРИ БАЗА ВО РЕГИОНОТ - еве кој аеродром е во многу напредни преговори со Унгарците

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

ФОЛКСВАГЕН ПОСТИГНА ДОГОВОР СО СИНДИКАТОТ - божикно чудо после рекордно долги преговори, еве што е одлучено

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

СКРАТЕНА РАБОТНА НЕДЕЛA: Шпанците ќе работат по 37.5 часа

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

Средба на директорите на македонската и грчката царина: Ќе работиме на нови иницијативи кои значително ќе ја забрзаат трговијата

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?

ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПУВА: Moже ли да достигне 2.900 долари за унца?