05 Декември, 2025
0.0290

Сега се купуваат станови во Грција, цените паѓаат!

Објавено во: Балкан 08 Декември, 2012 12:18

Добивај вести на Viber

Грција го надмина Ирска кога во третото тримесечје од годинава стана државата со најголем пад на цените на станови, покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“. За периодот јули-септември цените на куќите во Грција се паднати со 11,7% на годишно ниво и со 3,6% во однос на претходниот квартал. На првото место со најголем пад на цената на становите според последните неколку квартали беше Ирска, која  веќе е на втората позиција со годишно намалување на цените на куќите од 9,6%. Во однос на вториот квартал, сепак во земјата е регистриран раст на цените од 1,5 отсто. Третото место го зазема Шпанија, каде куќите поевтинија  за 9,3% на годишно ниво или за 2,4% во однос на претходниот квартал. Паѓаат цените на живеалиштат и во Романија, Холандија, Португалија, Кипар, Унгарија, Данска, Хрватска. Од консултантската компанија истакнуваат дека поради должничката криза во овој квартал има поскапувања кај сите држави од еврозоната. „Изгледа дека многу од главните пазари во моментов тонат. Еврозоната во моментов е во втора рецесија и довербата на купувачите е на рекордно ниско ниво“, се наведува во извештајот на компанијата. Истовремено, со оглед на стагнацијата на европски пазар, постојат се повеќе докази дека станбениот сектор во САД навистина е на пат на закрепнување. Цените на имотот во САД во третиот квартал забележале раст од 3,6% на годишно ниво, а градежниот сектор расте со речиси 50%, посочуваат експертите. Инаку Бразил е земја-лидер по раст на цените на куќите во третиот квартал, покажуваат последните податоци. На годишно ниво е забележано зголемување од 15,2%. Растат цените на становите и во Хонгконг и Турција кои се веднаш зад него. Првата десетка се дополнува со Русија, Колумбија, Австрија, Кина, Малезија, Норвешка и Исланд.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени