СЕГА ВО ПОЛИЦИЈА ДА КАЖАТ КАКО ТЕРАЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИ ДА СИМУЛИРААТ СЕКС ПОЗИ ДО МАНАСТИР - лица од извидничкиот камп повикани на разговор во МВР
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021 14:39
Јавното обвинителство дало насоки за расчистување на скандалозниот случај кој ја шокираше македонската јавност, по пријава од родител дека малолетници биле вклучени во непримерни активности во Извиднички камп во Скопје.
Организаторите на извидничкиот камп во близина на Скопје се повикани на разговор во полициска станица, откако родител пријавил во МВР дека малолетни деца биле вклучени во непримерни активности.
Од МВР го известиле јавното обвинителство, од каде што, пак, дале насоки за расчистување на предметот.
Од МВР за МИА потврдиле дека извршиле разговор со родителот и оти за случајот е известен јавен обвинител, и од Министерството постапуваат по насоки дадени од обвинителството.
Упатени извори во случајот за МИА потврдиле дека и лица што се инволвирани во активностите на извидничкиот камп, по насока на обвинителството се повикани на разговор во полиција.
За случајот пишуваше „Слободен печат“, во чија редакција се обратил родител и сведочел дека неговата малолетна ќерка доживеала шок и трауми на извидничкиот камп организиран изминатиот викенд во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рокенрол“. Според сведоштвата на неговата ќерка за кои тој зборува во аудиоснимка објавена на „Слободен печат“, на кампот имало непримерни активности во кои малолетници, меѓу другото, „симулирале секс-пози до манастир“ под превез на сексуална едукација.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





