25 Ноември, 2024
0.0259

Секој десетти заразен и по три месеци се бори со симптомите на коронавирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Луѓето кои биле инфицирани со опасниот коронавирус не се ослободуваат лесно од симптомите. 

Секој десетти заболен од корoнавирусот има симптоми и по три месеци од заразувањето, тврдат од Светската здравствена организација. 

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа објави денес дека секој десетти пациент заразен со коронавирусот има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.  Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа Ханс Клуге изјави дека таканаречениот „продолжен ковид“ останува непознаница, но дека тој проблем е реален и значаен. СЗО ги повика политичарите да направат повеќе за долготрајниот ковид да се лекува, кој меѓу останатото се манифестира и со тежок замор, болки во градите, срцеви проблеми, главоболка, заборавеност, депресија, со губиток на чувството на мирис, дијареа, кивавица, пренесува АП. Во светот веќе има повеќе од 113 милиони потврдени случаи на коронавирус. Во дел од европските земји повторно има рестрикции. Премиерката на Финска, Сана Марин, најави построги тринеделни епидемиолошки мерки поради зголемувањето на бројот на новоинфицирани со коронавирусот. Шведската влада соопшти дека ќе го скрати работното време на рестораните, баровите и кафичите, како и дека ќе го ограничи бројот на луѓе во продажните објекти за да се успори пандемијата. Германија планираше отворање, но сега е присутен стравот од нов бран. 

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

„СТАТУСОТ НА ЕКИПАЖОТ СЕ УШТЕ СЕ РАЗЈАСНУВА“: се огласи ДХЛ по авионската несреќа, надлежните не исклучуваат „тeрористички напад“

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

ДЕТАЛИ ЗА СТРАШНАТА АВИОНСКА НЕСРЕЌА ВО ЛИТВАНИЈА: Пилотот загина, неколкумина се повредени - удрил во станбена зграда

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

КУФЕРОТ НА „СУДНИОТ ДЕН“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ КАТАСТРОФА: Путин не се двои од него, а едно копче води до удар: „Европа е на неколку минути од Армагедон“

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

Кој е РФК - Потомок на династијата Кенеди со мисија за здрава Америка

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

(ВИДЕО) ИМА РАЗЛИКИ: Американка ги споредува домовите во Исланд со тие во САД

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

ЗЕЛЕНСКИ Е ОТВОРЕН ЗА ПРЕДЛОЗИ И ОД ТРАМП: Кажа кога се очекува да заврши војната

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ НА ЈУЖНА КОРЕЈА: Ако пратат оружје во Украина, ќе има одговор

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина

НЕ СЕ ПЛАШЕТЕ: Меркел даде совет како да разговараат со Трамп за Украина