Добивај вести на Viber
Секој петти британски работник кој има семејството веројатно нема соодветен животен стандард, бидејќи платата не му е доволна за нормален живот, покажува последното истражување во Велика Британија.
Според истражувањето спроведено од страна на консултантската фирма КПМГ, утврдено е дека 4, 82 милиони работници треба да преживуваат со помалку од износот потребен за опстанок, а во моментов тоа е 8,30 фунти на час во Лондон или 7,20 фунти во другите делови на Велика Британија, пренесува Гардијан.
Синдикатот конгрес смета дека оваа информација е „шокантна".
Владата се противи на обидите сегашната минимална плата од 6,19 фунти да порасне до ниво со кое ќе се гарантира опстанок, бидејќи на тој начин се плаши дека ќе ги загрози вработувањата.
Судејќи според сегашната студија, Северна Ирска има најмногу вработени со плати помали од потребното или 24 проценти, додека Велс 23 проценти. Најмал процент вработени со прениски примања има во Лондон, 16% и на југоистокот на земјата.
Најмалку 70 проценти од работниците кои работат како чистачи, во кујна или како келнери имаат пониски плати од оние со кои може да преживее.
Околу 41 проценти од сиромашните луѓе платени изјавиле дека финансиската состојба им е влошена од минатиот месец, а речиси половина од нив, 47%, живеат полошо од лани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: