22 Ноември, 2024
0.0282

СЕКОЈ СИ ГИ ПУШТА НОЗЕТЕ КОЛКУ ШТО МУ Е ЧЕРГАТА: За Нова година многумина ќе бидат дома, а некои ќе патуваат во Мексико, Дубаи, Египет

Објавено во: Економија 26 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

И овие празници граѓаните ќе ги прослават во согласност со можностите. Многу луѓе Новата година ќе ја дочекаат дома, но дел од населението може да си дозволи и патувања во Мексико, Дубаи, Египет или пак Париз, Прага, Белград. За далечните дестинации, патувањата по лице чинат и до 2.000 или 2.500 евра. Од туристичките агенции велат дека оние граѓани кои се финансиски моќни, не штедат на патувања и сакаат да избегаат во далечни земји каде има и потопло време. Резервираат аранжмани кои траат и по 7 дена.

Сепак, голем дел од граѓаните сакаат да патуваат, но признаваат дека немаат можности, поради ниските примања. За Нова година ќе подготват побогата трпеза од вообичаено и ќе бидат во кругот на семејството.

„Дома ќе седиме со сопругата. Веќе 5-6 години не сме биле никаде за Нова година. Ќе потрошиме скромна сума на пари“,  вели Борче Петрушевски, граѓанин.

Има и луѓе кои со децении се дома за празниците.

„Јас 20 години ја чекам Новата година дома. И сега ќе бидам дома. Народот нема работа и нема пари“, рече Јулија Славковска, граѓанка.

Друга соговорничка вели дека ќе биде дома, но има желба за празниците да замине во Србија ако не може подалеку. 

„Јас оваа година ќе бидам дома, но кога би можела би отишла во Нови Сад во Србија. Ми се допаѓа градот, народот, културата, убаво е. Нема финансии, нема стандард инаку луѓето би отишле некаде, зошто да не?“, додава Нада Антиќ, граѓанка.

Психолог Лариса Стојковиќ Трајкоска вели дека класните разлики во општеството растат, при тоа некој може да си дозволи да патува на далечни дестинации, а некој да остане дома за Нова година. Кој како ќе прослави вели дека е личен избор, поттикнат од финансиската моќ, но и психичките процеси кај човекот.

„Нова година е празник кој секој поединец го празнува онака како што го сфаќа и доживува. Секој е потребно да остане доследен на својата желба. Секој од нас во општествената структура, внатре во која живее, зазема одредено место, општествена позиција. Секој поединец зазема одредено место и на пазарот, во улога на потрошувач. Ние сите живееме во комплексно опкружување, во кое сме изложени на  бројни надворешни влијанија, кои може да се класифицираат како општествени фактори кои влијаат во донесувањето одлуки за купување, исто како што врз нашите одлуки делуваат нашите лични фактори (мотиви и мотивација, перцепција, ставови, црти на личноста, вредносен систем, животен стил, знаењето и психолошките процеси). Општествената позиција или желбата на поединците да припаѓаат на одредена класа, има директно влијание на однесувањето на поединците како потрошувачи, без разлика дали се работи за секојдневни или купувања за празници“, вели психологот.

Таа додава дека за време на празниците, но и преку целата година, треба да си дозволиме да се опуштиме, да им дадеме значење на парите, во рамки на своите можности, така што ќе ги потрошиме за работи кои ни нудат поквалитетен живот. Советува празниците да ги поминеме во благосостојба и спокој, а додава и дека прегратката е бесплатна и незаменлива.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) лани во просек секој член од домаќинствата трошел по 2.684 денари по ресторани и хотели. Податок објавен во 2014 година покажува дека Македонците во просек за Нова година трошеле по 90 евра.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/fotomaximum

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

„БАЛОНОТ ЌЕ ПУКНЕ“: Познат инвеститор предупредува дека претстои голем колапс на берзата

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

ОВОЈ ЈУГОСЛОВЕНСКИ МОДЕН ГИГАНТ СЕ СРАМНУВА СО ЗЕМЈА: И Јованка Броз им ги носеше чантите, а имаа 1.300 вработени

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

БОЖИНОВСКА ГО НАЧЕКАЛА ЕСМ СО МИНУС ОД 80 МИЛИОНИ ЕВРА: Вели дека во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027

ДЕКАТЛОН ВО ОФАНЗИВА - ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Ќе има над 150 продавници до 2027