19 Декември, 2025
0.2171

Секој трет млад европеец го напуштил училиштето и нема работа

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2013 09:51

Добивај вести на Viber

Според податоците од анализата, на Евростат, приближно 70% од младите во земјите од Европската унија, на возраст од 15 до 30 години кои го напуштиле образованието имале значајни тешкотии при наоѓањето на првата работа, а околу 30% воопшто не успеале да најдат работа. Ова е така затоа тро речиси секој трет млад човек, кој го напуштил образованието и побарал работа, имал низок потенцијал за влегување на пазарот на трудот, покажа анализата на Евростат. Во 2009 година во земјите-членки на ЕУ живееле околу 96 милиони млади луѓе, на возраст од 15 до 30 години. Во повеќето земји на ЕУ задолжителното образование завршува на возраст меѓу 14 и 17 години и од оваа возраст натаму младите луѓе избираат дали ќе продолжат со своето високо образование или да станат економски активни, пренесува БТА. Просечната возраст за напуштање на формалното образование и почнување со работа од младите луѓе во ЕУ е 21 година, покажа анализата на Евростат, посветена на преминот од образование кон првата значајна работа. Најрано на пазарот на трудот излегуваат младите во Малта и Турција (исто така земја што е вклучена во истражувањето) или просечно на околу 18-годишна возраст. Највисоки вредности на вработеност кај младите на возраст од 15 до 30 години се регистрирани во Холандија и Норвешка- 88%, Швајцарија – 87%, Австрија – 84%, Луксембург – 82%, Кипар и Данска – 81%, Германија и Словенија – 80%. Најниски податоци за вработување на младите луѓе се регистрирани во Литванија, Латвија и Унгарија - под 30%. Бугарија, заедно со Романија, е во „златната средина“ на оваа своевидна класификација на вработеноста на младите - малку над 30%.  

Можеби ќе ве интересира

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина