29 Септември, 2024
0.0262

СЕКОЈА ГОДИНА ЌЕ ИМАМЕ НЕКОЈ НОВ СОЈ И НЕКОЈА НОВА ВАКЦИНА - д-р Радојевиќ од Црна Гора бара да се укинат сите заштитни мерки

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Др Немања Радојевиќ од Клиничкиот центар во Подгорица, лекар кој специјализирал Судска медицина и јавно здравје на универзитетот Харвард, деновиве го привлече вниманието на пошироката јавност во регионот со напис на социјалните мрежи во кој повика да се укинат сите мерки за зашитата од ковид 19, споделувајќи статистика според која Омикронот не дава толку тешка слика и дека нема потреба од рестрикции.

Радојевиќ, во интервју за Утринската програма за ТВ Телма, рече дека смета дека Омикронот ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот.

„Доста работи и натаму се непознати и не можеме сосема јасно да предвидиме што ќе се случува во иднина, но некое мое мислење е дека Омикронот ќе доведе до стекнување на колективен имунитет, по пат не меѓусебно пренесување на вирусот. Веројатно ќе имаме нови соеви на сезонско ниво, како што е кај грипот, кај инфлуенцата. Значи секоја година ќе имаме некој нов сој и ќе имаме секој пат нова вакцина. Кој ќе сака, како против грипот да се вакцинира за да го намали ризикот од заболување ќе биде добро, кој нема да сака тоа нема да го прави. Во суштина се плашам дека короната ќе премине во сезонска болест, тоа значи дека епидемија односно пандемија како што е сега нема да биде препозната на тој начин, но не мислам дека ќе се ослободиме од короната за да ја снема целосно. Но таа ситуација не мора да изгледа песимистично, бидејќи ние и ден денес живееме со грипот и пред короната живеевме со грипот. Во Црна Гора, според статистиката, секоја година умираат околу 30 луѓе од грип, она што е докажано, но верувам дека таа бројка е многу поголема особено кај постарата и хронично болна популација и вие едноставно не сте ни правеле тестирање. Нивното здравје е кревко, на нишалка, при што многу лесно една респираторна инфекција може да предизвика компликација и смрт. Така што мислам дека слична ситуација ќе биде и со короната, ќе има вакцина и ќе биде оставена на слободна волја, кој сака да се вакцинира а кој не сака“, изјави Радојевиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“