26 Јуни, 2024
0.0287

Секретарот на Алтернатива: Ни кажаа дека нема мнозинство во Собрание,, ние министерства не отстапуваме

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Секретарарот на Алтернатива,  Зеќирија Ибрахими, синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ја потврди информацијата дека претседателот на неговата партија Африм Гаши имал тајна средба со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Владата.

Како што кажа Ибрахими, на истата се отворило како прашање дека можно е да нема мнозинство во Собрание, затоа е потребно да се прошири коалицијата и со Алијанса за Албанците. Сепак, според партискиот функционер, за Гаши не било прифатливо влезот на Алијансата да биде на сметка на Алтернатива и губење на ресорите кои ги води.

„Ние кога станавме дел од оваа Влада потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“, вели Ибрахими алудирајќи на пратениците на „Огнената група“ од ДУИ кои не се согласуваат со раководството на овој коалиционен партнер.

Според Ибрахими, нема потреба од проширување на сметка на Алтернатива.

„Оваа работа не е работа што може да се реши вечерва и можам да дадам одговор. Не го ни поставивме прашањето дали да се зголеми мнозинството, бидејќи мнозинството е стабилно. Оние кои сакаат да го зголемат, нека покажат зошто? Во случај некоја партија да нема бројки, тогаш кажете ни. Ние имаме договор потпишан, сега значи дека тој договор не се почитува?,

Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе?. На Алтернатива не и смета Алијанса за Албанците да влезе во Влада, нас ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“, истакна Ибрахими.

Тој рече дела договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.

„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да не информира. Не е политички коректно“, додаде Ибрахими.


Можеби ќе ве интересира

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра