01 Декември, 2024
0.0299

СЕКСУАЛНОСТА НЕ Е САМО ЗА РЕПРОДУКЦИЈА, А ЕДУКАЦИЈАТА ГО НАМАЛУВА БРОЈОТ НА НЕСАКАНИ БРЕМЕНОСТИ И ХОМОФОБИЈАТА: Интервју со д-р Крстаноска

Објавено во: Интервјуа 02 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Д-р Фросина Крстаноска е субспецијалистка за сексуална медицина, клинички сексолог која во последните неколку години живее на релација Словенија – Македонија, а во денешното интервју за Фактор открива кои се главните проблеми заради кои пациентите најчесто бараат помош, но и за тоа што може да се очекува од третманите кај сексолог.

Вели дека лекувањата и советувањата се индивидуални или во двојка, а посочува дека на сексуалноста се пристапува повеќедимензионално, бидејќи пред се на неа влијаат телесни, психолошки, но и социјални фактори. Затоа е потребен медицински пристап до поставување дијагноза и препишување лекови, каде што истовремено е вклучен и психотерапискиот третман со едукација, подобрување на комуникацијата на парот, како и вежби од когнитивно-бихејвиорална терапија, зависно од дисфункцијата. По потреба се вклучуваат и доктори од други специјалности – гинеколог, уролог, ендокринолог и психијатар.

Д-р Крстаноска европска специјалистка по сексуална медицина со долги години клиничко искуство, која дел од своите професионални знаења ги добила преку Европското здружение за сексуална медицина, со заклучен испит во 2016 година во Мадрид, со придобиена лиценца ФЕЦСМ (FECSM). Активна членка е на Словенечкото и Европското здружение за сексуална медицина (ESSM). Постдипломски студии од областа на психотерапијата завршила во Љубљана, на Катедрата за психијатрија.

Како сертифициран специјалист за сексуална медицина со клиничко искуство, имате ли впечаток дека луѓето се плашат да зборуваат за проблемите поврзани со сексуалноста и дека ова се уште е табу тема во Македонија?

Работата во Македонија подолго време ми покажа дека кај нас сме отворени, веруваме и зборуваме за проблемите во сексуалноста. Доаѓаат парови од сите националности, од Косово и Србија во Систина за консултација. Ако споредам со Словенија овде луѓето се поотворени, не е табу тема и дури нашите шеги се поврзани со полови потешкотии и фалење.

Истражувањата сепак покажуваат дека првите сексуални искуства се случуваат на се помала возраст, дали тоа има некакво влијание и дали има негативни последици врз здравјето?

Почетокот на први полови активности е на се помала возраст и границата се поместува до 12- 14 год. Тоа може да има негативни последици заради несакана бременост, полно преносливи болести и психична траума ако се работи за принуда. Младата личност треба да е физички и психични зрела пред да се одлучи и припреми за прв сексуален однос, постепено од петинг до пенетрација. Целта е да може да се носи со последиците и секако да го запомни како пријатно искуство со емоција. 

Кои се најчестите проблеми за кои пациентите се обраќаат до вас и дали постои критична возраст кога луѓето имаат сериозни проблеми во сексуалниот живот?

Во амбулантата работам со парови и поединци со проблеми заради немање желба, проблеми со ерекција и ејакулација кај машки. Жените имаат најчесто болки, немање желба и не достигнуваат оргазам. Критична возраст е над 50 години кај двата пола.  Застапени се и млади лица заради страв од полов однос кога ќе немаат ситуацијски ерекција и наредните обиди се со страв дека тоа ќе се повтори.

Што вклучува терапијата и каков пристап треба да се завземе?

Терапијата вклучува психотерапија, едукација и вежби од когнитивно бихејвиорална терапија што треба да се изведуваат дома. Пристапот е на емоции и повторно воспостаставување комуникација и интимност. Прегледани се телесно од уролог, гинеколог, психијатар или психотерапевт и мојот модел е биопсихосоциален кога му пристапувам целосно на човекот да се реши дисфункцијата. Со оглед на тоа дека сум лекар и со знаења од полова медицина со лиценца препишувам и лекови за конкретен проблем.

Постои ли конкретна временска рамка за колку време може проблемите да бидат успешно да бидат надминати?

Временската рамка зависи од проблемот, колку долго трае и какви се реалните очекувања на парот. Неколку средби се доволни и повторно среќавање со цел да се обнови знаењето и оцени напредокот. Работам и он лајн на зоом, не советувам по маил освен за луѓе што се вклучени веќе во терапија. На сите не можам да помогнам и соработувам и со други специалисти

Во однос на сексуалната едукација, колку и зошто според вас е важно да биде вклучена во училиштата?

Едукацијата е многу важна и треба да е уште од 6 годишна возраст на разбирлив начин. Со растењето се продлабочува знаењето и се работи за целна возраст, посебно е осетливо за лица со различна полова ориентација и однесување. Треба да се прифатат различни желби и интереси зошто во половоста се е нормално. Нема норми и граници, прифатливо е се она што не задоволува и прави изполнети. Мора да сме свесни дека сега во овој период се е достапно на интернет затоа е побитно да детето добие вистински иформации во вистинско време во семејството и од стручни лица. Едукацијата ја намалува проституцијата, бројот на несакани бремености и хомофобијата. Сите се стремиме кон идеалот, не идеален секс, туку доволно добар.

Сексуалноста не е само за млади, убави и здрави, тоа е и основно човеково право за здрав, исполнет живот и не само за репродукција.

Анита Буховски

ФОТО: ФБ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор