Села до Меџити: Не сум во контакт со тебе, ниту ќе бидам дел од владата
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2025 13:28
Лидерот на едно од крилата на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата на ДУИ, Национална алијанса за интеграција, Зијадин Села, негира дека ќе биде дел од владата.
„Политичката сцена е толку измешана, рече Изет, и не знае со кого комуницирал... Лагите, пропагандата и невистината се измешани, Изет. Вистината е секогаш чиста и неизмешана, таа е само една и не може да има две или повеќе. И оваа вистина звучи вака, Изет! Ти во комуникација со мене - НЕ. Јас сум дел од владата - НЕ. Јас сум на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ - НЕ. Уште еднаш, повторувам, ги мерам моите достигнувања во политиката според тоа колку сум придонел за тоа Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта. Ќе работиме заедно во парламентот со тебе и со ВМРО. Како и секогаш, власта од едната страна, а јас од другата. Не од страна, туку лице в лице“, вели Села.
Неговата изјава доаѓа по ставот на новоизбраниот градоначалник на Чаир и еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити, кој рече дека не може да негира дали Села ќе биде дел од владата.
„Не го негирам тоа. Политичката сцена кај албанските партии стана многу измешана. Се случија бројни турбуленции и мислам дека уште ќе ги има“, рече Меџити.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




