Семејна фирма на поранешен директор на ТЕЦ Неготино доби земјоделско земјиште од државата под закуп

Објавено во: Економија 12 Февруари, 2025 07:50
Се работи за површина од над 7 хектари која на владина седница на 4 февруари е доделена на Хем-Алијанс Неготино. Земјиштето се наоѓа на катастарска парцела во Пепелиште,од каде е и самата фирма. Министерството за земјоделство добило дозвола од Владата во рок од 30 дена да го потпшише договорот за закуп.
Пред повеќе од две години Хем-Алијанс доби тендер од 630 илјади евра за набавка на „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел “ за потребите на РЕК Битола, додека Стојановиќ беше директор на ТЕЦ Неготино. Оправдувањето од Електрани на Македонија тогаш беше дека набавката е спроведена во РЕК Битола и истата во никој случај не се однесувала за ТЕЦ Неготино.
Пред два месеци Обвинителството го отвори случајот „Адитив“ во кој првично беа опфатени 23 луѓе, меѓу кои и Стојановиќ како поранешен директор на ТЕЦ Неготино, покрај поранешните директори на ЕСМ Васко Ковачевски, кој е во бегство, и неговиот наследник Васко Стефанов. Под истрага е и поранешниот директор на РЕК Битола Пеце Матевски, поранешниот комерцијален директор на ЕСМ Адријан Муча, како и Данчо Стојановски – поранешен комерцијален директор на ЕСМ, и неговата братучетка Маја Јорданова – сопственичка на фирмата Браинкоде, од која е набавен адитивот, за прочистување на внатрешноста на термоблоковите, по цена три пати поскапа од пазарната. Медиуми во меѓувреме пишуваа дека Стојановиќ се познавал со сопственикот на компанијата од Италија од која „Браинкоде“ го купи адитивот.
Во декември, кога беше отворен случајот, Милица Стојановиќ, сопруга на Небојша Стојановиќ се повлече од директорското место на Хем-Алијанс од Неготино, а нов раководител е Стефка Стојанов. Сопственик на фирмата е Мирко Стојановиќ.
Иако основната дејност на Хем-Алијанс е одгледување на лозје, трите подружници се трговија на големо со хемиски производи, производство на друг мебел и „дејности на советување во врска со работењето и останато управување“. Приходите во 2023 се зголемиле за 134 отсто (2,75 милиони евра), додека се зголемила и добивката за 277 проценти (1,2 милиони евра)
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ВЛАДАТА РАЗРЕШУВА ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА НА АГЕНЦИЈА ЗА ПОШТИ - не ги исполниле зацртаните цели

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика
