17 Декември, 2025
0.0771

Семејство од Косово: Имамот го испрати нашиот син во смрт во Сирија!

Објавено во: Балкан 11 Август, 2014 19:56

Добивај вести на Viber

Семејството Матоши од косовско Гњилане го обвинува локалниот имам Зекри Ќазими дека го поттикнувал нивниот син да замине и да му се приклучи на џихадот во Сирија, каде што неодамна бил убиен. Петриот Матоши, кој имал 18 години, бил убиен во текот на борбите за Исламска држава во Ирак и Сирија, на страна на милитантната организација ИСИЛ која се бори за остварување на оваа цел. Неговиот татко бил против Петриот да замине во војна и сигурна смрт. „Да го дадеше својот живот во борба за албанските територии, јас не би пуштил ниту една солза“, изјавил таткото на Петриот, Рамадан, за приштинскиот весник „Коха“. Тој ги повикал државните институции на Косово да откријат како неговиот син отпатувал најпрвин за Турција, а потоа и во Сирија, и кој го финансирал неговото заминување. Од „Коха“ го контактирале и прозваниот имам Ќазими, кој само кратко кажал дека таткото на младото момче со своите обвинувања треба да се обрати на суд. Косовската полиција денескаво масовна акција уапси 40-тина лица - повратници од борбите во Ирак и Сирија, со образложение дека подготвувале напади и претставувале закана за националната безбедност на Косово. Меѓу останатото, осомничените терористи се товарат дека подготвувале да извршат напад за време на еден поголем културен настан на Косово, на кој се очекувале и голем број гости од странство. Министерот за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи изјави дека акцијата била спроведена по повеќемесечна истрага и додаде дека „ова е доказ дека Косово нема да биде лесен терен за радикални верски екстремисти“. И премиерот во заминување Хашим Тачи нагласи дека апсењето е доказ за посветеноста на косовската Влада да се справи со оваа појава. „Косово нема да биде плодна земја за непријателите на евроатлантските вредности, човековите права, целосните верски слободи и на уставно загарантираниот секуларен систем“, напишал Тачи на Фејсбук.  

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни