Фамилијата Буши и турски инвеститор спремаат 6 милиони евра за хотел на местото на Технометал Вардар
Објавено во: Економија 29 Декември, 2022 07:40
Управителите на продавниците за накит „Буши Фешн“ и хотелот „Буши ризорт и спа“ заедно со турски инвеститор подготвуваат 6 милиони евра за трансформација на руинираната зграда на поранешен „Технометал Вардар“ во нов хотелски објект.
Ахмет Тефик Еренсајин е турскиот инвеститор од Истанбул кој е еден од сопствениците на новоформираната компанија „Бете Бмак ДОО Скопје“, регистрирана во строгиот центар на Скопје со дејност „хотели и слични објекти за сместување“. Фуат, Исмаилаки, Суат, Сељами и Абдулмутаљип Буши се преостанатите сопственици. Турскиот инвеститор заедно со Абдулмутаљип Буши се управители, а основната главнина како паричен влог е 6.000.500 евра.
- Уште сега е рано да се зборува за инвестицијата, бидејќи тоа е само регистрација на хартија и може во кое било време да се поништи. Ние се уште немаме детален договор со инвеститорот за да можеме да објавиме поконкретни детали во јавноста, ни изјави Суат Буши како еден од сопствениците од Чаир.
Просторот во и околу зградата на „Технометал Вардар“, некогашниот симбол на македонскиот извоз, засега е целосно запуштен. Стаклата на влезната врата во зградата, со површина од над 7 илјади квадратни метри, во срцето на Скопје, на улица „Македонија“, се искршени.
Зградата е изградена во 1980 година. Во неа беше дирекцијата на „Технометал Вардар“ – водечка фирма во поранешна Југославија во трговијата со челик, мермер, обоени метали и неметали, опрема, машини и друго.
Во 2019 година беше отворена стечајна постапка. Поради обврски кон Комерцијална банка, зградата беше одземена. Потоа банката даде одобрение за продажба на илјадници квадратни метри деловен простор, по што, во јануари годинава објектот беше купен од „Буши фешн“, компанијата која го поседува и хотелот-спа „Буши“ во Старата скопска чаршија. Од новиот сопственик тогаш беше речено дека идејата им е зградата во строгиот центар на Скопје да го направат хотел.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




