СЕМЕЈСТВОТО КЕЦМАНОВИЌ ЈАВНО ПРОГОВОРИ: На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2023 18:23
Семејството на момчето кое изврши масакр во белградско училиште на 3 мај проговори јавно.
М.К и В.К., таткото и мајката на 13-годишниот Коста кој уби 9 ученици и чуварот во српското училиште „Владислав Рибникар“, првпат јавно проговорија.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме наше сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кечмановиќ“, велат тие.
Мајката е сослушана вчера во белградската полиција, а како што дознава „Телеграф“ разговарот траел со часови. Со неа била и адвокатка Ирина Боровиќ.
„Мајката беше сослушана како граѓанин. Таа зборуваше со часови. Не е обвинета за никакви кривични дела. Таа кажа се’ што и беше побарано, одговараше на сите прашања. Нејзината цел, како и сите други, е да го реши ова, да да се види што бил проблемот и да се најде најдоброто решение за целата оваа ситуација. Што се однесува до приказната дека К.К е дете на разведени родители, тоа не е вистина. Таткото и мајката живеат заедно цело време, тие не се разделени и, како што рече мајката, тоа било хармонично семејство кое соодветно се грижело за своето дете.Исто така изјавила дека никој не можел да претпостави дека К.К., ќе го стори делото за кое е осомничен“, кажал за „Телеграф“ извор од истрагата.
Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали мајката на момчето сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Обвинителството во понеделникот испрати барање до Полициската управа за град Белград за прибирање на потребните информации, со наредба да биде сослушана мајката, како и разговор со педагогот и психологот вработен во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетниот К.К и за ова да поднесе пријава до обвинителството.
Таткото е во притвор за тешко дело против општата безбедност. Тој е сослушан во Вишото јавно обвинителство и го негираше делото.
Oд родителите на другите деца имаше реакции дека училиштето треба да се урне или учебната година да заврши.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




