18 Декември, 2025
0.0606

СЕМЕЈСТВОТО НА ДАНКА СЕ ЛУТИ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ: Mајката вети дека ќе одговорат на сите навреди

Објавено во: Балкан 02 Април, 2024 18:15

Добивај вести на Viber

Сè што слушам, слушам на телевизија, вели дедото на исчезнатата Данка Илиќ од српскиот град Бор, по која се трага од вторникот. 

Тој објаснува дека се загрижени и нетрпеливи да дознаат нешто за исчезнатото дете. 

„Информациите се површни бидејќи оперативната работа на полицијата е во тек“, вели за Нова.рс дедото на девојчето, Милан Илиќ.

Милан на почетокот на разговорот кажа дека нема нови информации. Рече дека морал да побара и забрана за одредени новинари бидејќи постојано го малтретирале.

„Го видов видеото, но не знам што да кажам. Сакам да верувам дека е така и дека ќе ја најдат во најбрз можен рок, не смеам ништо да кажам бидејќи полицијата работи, им веруваме, чекам вистинските луѓе да ме контактираат, министерот Гашиќ. Им верувам“, вели Милан Илиќ за „Нова.рс“.

Мајката на девојчето вели дека ја болат шпекулациите и дека ќе одговорат на сите глупости кога работата ќе се заврши. Вети дека ќе одговорат на сите навреди и небулози. 

„Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг“, рече Ивана.

Таа за Нова откри што се крие зад пишувањата на одредени таблоиди, дека со вештачењето на нејзиниот телефон е откриено дека ги пребарувала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

„Телефонот беше на форензика, само тоа ќе го кажам. Ако е така, јас не би била мајка која го бара моето дете, мојот статус би бил поинаков. Само сакам Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме“, кажа Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана кажа дека го гледала, но не смее да коментира. 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии