СЕММ отстапува од грантот во рамки на владината поддршка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) информира дека отстапува од грантот во рамки на владината поддршка за здруженија и фондации за мерки за справување со COVID-19 кризата.
СЕММ испрати официјален допис до Генералниот секретаријат на Владата на 14 јуни 2020, пред официјалното објавување на информацијата за доделените средства на здруженијата на граѓани.
„Поради закажаните парламентарни избори во државата, непосредно по завршувањето на конкурсот за доделување финансиска помош, СЕММ одлучи сиот свој потенцијал да го насочи кон активно следење на состојбите во медиумската сфера и набљудување на степенот на почитување на слободата на изразување, што е приоритетна сфера на делување на нашата организација. Од тие причини, сметаме дека во овој момент СЕММ треба да остане настрана од оваа акција за финансиска поддршка на дел од невладиниот сектор во рамките на настојувањата за борба против коронавирусот“, информираат во соопштението.
СЕММ потенцира дека, како здружение на граѓани, ја поддржува Стратегијата за соработка на државата со граѓанскиот сектор, сметајќи дека взаемното дејствување е неопходно во промовирањето и градењето демократска култура и социјална кохезија на сите општествени нивоа, а особено во справувањето со тековните предизвици и проблеми, како што во случајов е пандемијата со коронавирусот. Во ова чувствително предизборно време СЕММ останува доследен на својата примарна функција – грижата за негување на професионалните и на етичките новинарски и медиумски стандарди.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.