05 Декември, 2025
0.0277

Сенди ќе ја чини САД околу 20 милјарди долари

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2012 10:15

Добивај вести на Viber

Уништени домови, канцеларии, поплавено метро, затворена берза и најмалку 16 човечки жртви, но ова не е конечниот епилог од штетите кои ги предизвика ураганот Сенди кој вечерва дивееше над источното крајбрежје на САД. Над 6 милиони луѓе, од повеќе сојузни држави останаа без струја. Њујоршката берза беше за првпат затворена поради временски неприлики после 1988-та. Повеќе од 16 000 авионски летови беа откажани. „Ураганот Сенди ќе да ја чини државата најмалку 10 милијарди долари“, изјави Рајан Слатка, аналитичар на Мудис. Според него бурата ќе влијае на околу 60 милиони Американции и ќе експлодира во метеоролошки и економска катастрофа. Сепак и покрај огромните штети, тоа не мора битно да влијае на висината на  годинашниот бруто домашниот производ во целина, појаснуваат од Мудис. „Ураганот на крајот може да одземе 0,1 до 0,2 процентни поени од американскиот бруто домашен производ во четвртиот квартал,  вели Марк Витнер, виш економист во Велс Фарго во Шарлот, Северна Каролина. Економските штети допрва се пресметуват, но според првичните проценки на дел од аналитичарите, Сенди ќе ја чини американската економија меѓу 10 и 20 милјарди долари. „Штетите главно се мерат според уништените домови, инфраструктура и други материјални добра. Во официјалната статистика на САД, трошоците се пресметуваат според проценките на осигурителните компании поножени со два,  бидејќи се претпоставува дека половина од објектите се осигурани“, појаснува Вилајам Нордхаус, професор по економија на Јеил и додава дека во вкупните штети не се пребројуваат загубените работни денови, штетите по бизнисот, загубите од загриженоста и неизвесноста. Но има еден економски парадокс кој се јавува по налетот на ураганите, појаснуваат аналитичарите. Колку и да се деструктивни и штетни, откако ќе помине првиот бран, тие всушост помагаат за собирање на повеќе пари во локалната економија. Куќите и патиштата мора да се обноват, се гради насекаде, што од друга страна пак инјектира свежи пари во економијата. Тоа се случуваше и по пустошот кој го оставија ураганите во Флорида во 2005-та. „Потрошувачката се зголемуваше бидејќи во 2005-та дојдоа многу работници на Флорида, се закупуваа хотелски соби, луѓето мораа да купуваат работи за задоволување на секојдневните потреби, што ја раздвижи економијата во погодената област, појаснува универзитетскиот професор Рик Харпер од Флорида. Сепак, велат економистите, Сенди нема да има големо влијание врз макроекономијата, туку загубите ќе ја заддрмаат само американската економија.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен