18 Мај, 2024
0.0281

Сензационално: пола од добивката на „Тетекс“ е од финансиски приходи!

Компанијата успеала да ја зголеми домашната продажба за 12 отсто до 1,5 милиони евра.

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Компанијата успеала да ја зголеми домашната продажба за 12 отсто до 1,5 милиони евра. Во услови на исто ниво на приходи од продажби како лани и оперативна добивка од 22 милиони денари, „Тетекс„ има финансиски приходи кои креираат половина од неговата нето добивка за првите девет месеци годинава

Тетовскиот текстилен комбинат „Тетекс“ има добивка од 38,45 милиони денари за првите девет месеци, а половина од тоа е од финансиски приходи одосно од вложувања или камати! „Тетекс“ е македонскиот феномен компанија на чие управување со финансиските средства можат да му позавидат и портфолио менаџери на иневстициски фондови.

Од објавените податоци се гледа дека „Тетекс“ солидно успеал да ги зголеми и своите приходи за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. Имено нема раст кај приходите од продажба. Но затоа растат приходите на компанијата од продажби на домашниот пазар. Тие стигнаа 1,5 милиони евра, а лани во истиот период биле 12 отсто пониски. На странските пазари „Тетекс“ бележи пад на продажба за 7 отсто до 1,26 милиони евра. Во овој период  солидно растат ставките капитализирано сопствено производство и останати оперативни приходи. Двете заедно носат над 90 милиони денари и се за 60 милиони денари повеќе од износите во истите ставки лани. Токму заради тоа и приходите на „Тетекс“ се поголеми за 60 милиони денари во споредба со истиот период лани. Нивото на залихи изнесува 367,5 милиони денари и е за 14 милиони денари пониско од тоа што било на почетокот на годинава. 

На расходната страна вкупниот износ на оперативни расходи е 226 милиони денари и е за 22 милиони денари повисок од лани. Единствен значен раст има кај трошокот за суровини и други материјали – најголемата расходна ставка. Тие изнесуваат 106 милиони денари и во споредба со истиот период лани се повисоки за 24 милиони денари што укажува на тоа дека или има голем раст на цените за суровини или „Тетекс“ набавувал поголеми количества потребни за производство. Резултатот на приходите и расходите е 22 милиони денари оперативна добивка што е значајно подобар резултат во споредба со лани кога компанијата книжи оперативна загуба од работењето во износ од 7,3 милиони денари.

И сега клучниот показател: финансиските приходи! Тие за првите девет месеци се 20,5 милиони денари и се за 29,3 милиони денари пониски од истите во истиот период лани. Но како и да е тие суштински значано влијаат врз добивката на компанијата за првите девет месеци. 

„Тетекс“ кај македонските акционери ловци на дивиденди е многу посакувана и високо ценета акција. Како што пишувавме , за период пократок од една година во три наврати подели 180 денари дивиденда по акција. Главните финансиски приходи на „Тетекс“ се од дивиденда на неговите акции во ТТК Банка и од приносот од компанијата за трговија со нафта и нафтени деривати. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк Се бара! „Тетекс“ ќе подели 90 денари нето дивиденда по акција


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа