СЕПАК ДОЗВОЛЕНО ПРЕЛЕТУВАЊЕ: Руска помош за Сирија преку Грција, Иран и Бугарија!
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2015 18:59
Бугарското МНР потврди вчера дека издала дозвола за лет на руски товарен авион на 7 август над Бугарска територија на пат за Сирија. Портпаролката на Бугарското МНР Бетина Жотева изјавила дека предметниот авион не е од хуманитарни цели, и навела дека превезува дипломатски персонал и немало основ за одбивање. За слични летови соопшти претходно и весникот „Ведомости“, близок до Министерството за одбрана на Русија. Според весникот тоа се случувало еднаш на неколку недели. Летот на товарен авион „Ил-62“ на руските воздухопловни сили го прелетувало небото над Бугарија на 7 август и поминал над Грција и Кипар со што влегол во небото на Сирија, посочува сајтот за следење на летови „flightradar24.com“.
Откако Бугарското МНР одби воздушен коридор за повеќе слични летови, вчера бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов изјавил на форумот за безбедност во Софија дека „ако руските колеги се согласуваат овие летови да бидат проверени на бугарскиот аеродром, ние ќе издадеме такво овластување“.
Одбивањето било аргументирано со „оправдани“ сомнежи дека товарот на овие авиони не е хуманитарна помош, туку оружје. Во исто време беше јасно дека Иран и Грција го дозволија воздушниот коридор за руските летови кон Сирија. Русија ќе користи алтернативни правци за испорака на хуманитарна помош за Сирија, потврди прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




