Сет мерки за помош: Пари, облека и покуќнина за настраданите во поплавите
Објавено во: Економија 02 Март, 2013 19:57
Со цел ублажување на последиците од поплавите кои изминатава седмица ја зафатија Македонија, од Буџетот ќе бидат издвоени по 15.500 денари, еднократна неповратна помош за секој дом кој бил оштетен во водената стихија. Според најавите, парите треба да бидат префрлени до вторник на трансакциска сметка на највозрасното лице во семејството.
Како што денеска појасни владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, викендов претставниците на подрачните единици на МТСП и на Црвениот крст ќе ги посетат погодените домаќинства и ќе направат попис на нивните потреби.
Според Ѓорѓиев, бројката на куќи кои настрадале или се оштетени како последица на поплавите според проценките изнесува меѓу 1.500 и 2.000.„Сакаме да потенцираме дека оваа еднократна помош е интервентна и дека таа не го анулира делумниот надомест на штети кој ќе се исплати врз основа на проценка на општинските комисии за штети согласно Законот, изјави Ѓорѓиев.
Владата одлучила и целата количина на облека и обувки со кои располагаат Царинската управа и Агенцијата за управување со одземен имот во наредните денови да се подели на лицата во настраданите подрачја од поплавите.
Ѓоргиев исто така информираше и дека на ист начин како за облеката, се прават списоци и за покуќнина која во текот на утрешниот ден ќе им се дели на граѓаните од настраданите подрачја. Во меѓувреме, откако водата се повлече се работи на расчистувување на теренот и се прават обиди за санирање на штетите од поплавите.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




