24 Ноември, 2024
0.0254

Сезона на дивиденди! Која акција колкав принос носи?

Објавено во: Економија 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Компаниите кои традиционално и во континуитет секоја година делат дивиденди покажаа отпорност на корона вирусот. Вложувањата во акции на некои од најуспешните домашни акционерски друштва и годинава преку дивидендите покажаа дека се значајно (а и неколкукратно н.з.) подобри инвестиции од чување пари во депозити и штедни влогови

Пандемијата на корона вирусот нема да ги спречи менаџерите на успешните македонски акционерски друштва и годинава да ја продолжат традицијата и преку расподелба на дивиденда да им изразат благодарност за лојалноста на нивните акционери. Од официјалните податоци достапни преку СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност досега девет компании објавија дека имаат услови да поделат дивиденди. Од нив осум компании имаат предлог одлуки за поделба на дивиденда, а дел од нив веќе и ги завршија формалностите на акционерски собранија, а една компанија доби мислење од Одборот на директори дека може да исплатат дивиденда доколку акционерите одлучат така.

Овој период е добра можност за инвеститорите на берза да направат план за вложување и купување акции од кои ќе имаат дивидендни приноси. Зошто да одберат акции наместо вложување во банкарски депозити? Затоа што приносите од дивиденди се неспоредливо поконкурентни од вложувањата во депозити, кои рака на срце, се посигурна опција.

Што е на понуда?

Компаниите кои досега најавија дека ќе делат дивиденда се следниве: Комерцијална банка, ТТК Банка, Тетекс, Реплек, Алкалоид, Македонијатурист и Рудници Бањани. Одборот на директори на Цементарница УСЈЕ даде мислење за претстојното акционерско собрание дека може да стави на раслолаѓање 21,6 милиони евра да бидат доделени во форма на дивиденда доколку на акционерско собрание биде даден таков предлог.

Акцијата на Реплек носи дивиденда во нето износ од 3.751 денар за акција и тоа е најголем апсолутен износ на дивиденда по акција од тие што досега објавија дека ќе поделат дивиденда. Тоа е принос од 4,5 отсто во однос на последната пазарна цена на таа акција.

Акцијата на Комерцијална банка пак и покрај тоа што носи 495 денари нето дивиденда по акција нудинајголем принос во однос на пазарната цена на акцијата. Во однос на последната пазарна цена постигната вчера приносот е 7,3 отсто.

Акцијата на Алкалоид носи нето дивиденда од 324 денари за акција. Тоа е стапка на принос од 2,9 отсто. Предности на оваа акција иако нема висок принос се следниве: втора најтргувана акција на нашиот пазар, износот на дивиденда расте во контиунитет од година во година исто како и просечната пазарна цена на таа акција. Висока е веројатноста дека заради дејноста е најотпорна на корона вирусот од сите други акции на понуда затоа што произведува лековии медицински средства.


*ако се усвои

Се очекува барем уште десетина домашни компании чии акции котираат на берза во следниов период да соопштат дека со дивиденди ќе ги израдуваат своите акционери.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година