СЕЗОНСКА РАБОТА: Се бараат берачи на грозје во соседството, а колку може да се заработи?
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2018 08:34
Наскоро во регионот почнува бербата на винско грозје и а само на компанијата Плантажа ќе и требаат околу 800 работници.
За сите работници кои доаѓаат од страна се обезбедни сместување и храна, а заработката е солидна, вели Симо Болјевиќ, координатор во виноградарското-овоштарско производство.
Работник на Чемовско поле дневно може да заработи до 30 евра, па и повеќе.
„Кога се работи за грозјето, просечен работник може да набере 60 до 70 гајби. Во гајба се собираат седум килограми грозје и таа се плаќа по 40 центи, така да просечната заработка е од 25 до 30 евра, иако некои работници берат и повеќе“, вели тој.
Бојан Бубањ, сезонски берач на грозје од Црна Гора, вели дека оваа работа ја работи 10 години и дека дневно заработува до 25 евра.
„Во просек берам 40 гајби, но ако е добар денот и му пслуќи на расположението, можам да наберам и до 60 гајби грозје, тоа пак е 25 евра, што не е лоша заработка. Малку ни пречат горештините, но навикнавме. Имаме сместување и два оброка, така да немам забелешки на условите“, вели тој.
На „Плантажа“ веќе берат праски, но тоа го покриваат домашни работници. За бераба на грозје очекуваат работници од соседните земји пишува „дневне новине“.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




