16 Мај, 2024
0.5929

ШАНСА И ЗА МАКЕДОНИЈА: Катар ги укина визите за 80 држави

Објавено во: Свет 09 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Катар ги укинува визите за државјаните на 80 земји, меѓу кои и за Македонија, за да ги стимулира туризмот и авиосообраќајот. 

Одлуката стапува на сила веднаш.  Од денеска на граѓаните на Македонија, како и на државјаните на другите 79 земји на кои Катар им одобри безвизен режим, ќе им биде потребен само пасош за да влезат во оваа држава. Граѓаните на 33 држави ќе можат да останат во Катар 180 дена без виза, додека на другите 47, вклучувајќи ја и Македонија, имаат право на престој од 30 дена и право за едно продолжување на престојот.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд.

На списокот се земјите од шенгенската зона, латиноамерикански и азиски земји. Либан е единствената арапска држава којашто се наоѓа во Заливот, а не е на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза која се издава под строги критериуми.

Мохамед Рашид ал-Мазруи од катарското Министерство за внатрешни работи објасни дека при изборот на државите се воделе од критериумите за безбедност и за економска моќ.

Во изминатите два месеци, Катар се најде на црната листа на земјите од Персискиот Залив кои ја обвинија официјална Доха за поддржување тероризам. По ваквите обвинувања, земјите од регионот, освен Иран, ги прекинаа дипломатските односи со Катар и го затворија својот воздушен простор. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

АТЕНТАТОТ НА ФИЦО: Што знаеме досега?

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата