05 Декември, 2025
0.1108

ШАНСА ЗА КИНА: Американското нуклеарно гориво не „гори“ добро во украинските електрани!

Објавено во: Анализа 17 Јануари, 2015 13:07

Добивај вести на Viber

Кинеските компании бараат можжност за извоз на горива за нуклеарните електрани во земјите на источна Европа и Украина, рекол за агенцијата Тас претставник на Кинеската национална нуклеарна корпорација (CNNC) во кулоарите на светскиот нуклеарен фонд „ World Nuclear Spotlight“ во Пекинг.

-Целта на нашите настојувања во последните години не е само да и обезбедиме на земјата гориво за нуклеарната електрана, туку и да си  отвориме на себе светски пазар. Досега ги освоивме француските и руските технологии на производство на горови за енергетските блокови што ни овозможува да ги продаваме своите производи за нуклеарни електрани од различни типови, вклучувајќи и станици на советски и руски производства - објаснил изворот за Тас.

Тој додал дека првенствено се разгледува можноста за испорака на гориво во Унгарија и Романија, како и во Украина.

Неименуваниот извор укажал дека, приликата на користење на нуклеарно гориво од американско производство во реакторите на советскиот тип, во украинските енергетски посројувања, доаѓа до технички проблеми.

-Ние можеме да го решиме тој проблем бидејќи го совладавме производството на руските горивни ќелии во полн обем - рекол претставникот на CNNC и предупредил дека тоа не би можело да се реализира веднаш туку ќе потрае неколку години.

Според неговите зборови. „сега главна задача ни е да најдеме клиенти“.

Кина сега активно се занимава со истражување на наоѓалишта на ураниум. Додека претходно ги користеше резервите само за сопствени потреби, сега тоа го прави со цел за извоз во други земји во блиска иднина. Уште е тешко да се каже колав дел на светскиот пазар на нуклеарно гориво Кина би можела да покрие, но веќе е поставена конретна задача - да се прошири кругот на клиентите - укажал изворот на Тас.

На прашањето за можните претензии на Русија кон кинеските произведувачи на гориво, тој рекол дека не постојат посебни ограничувања. Без разлика на постоечкиот договор, мала е веројатноста дека руската страна ќе ја запре испораката, додал изворот.

Русија со Кина ја разгледува можноста за изградба на нуклеарка во копнените области на Кина на која и е потребна електрична енергија. Во август е објавено дека Росат добил понуда за изградба на два енергетски блока во тој регион.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени