28 Април, 2024
0.0262

Шарена наспроти сендвич револуција

Објавено во: Колумни 22 Април, 2016

Добивај вести на Viber

Има мигови кога ви доаѓа да вриснете од мака, моменти кога ќе сфатите дека луѓето кои неизмерно сте ги почитувале и ценеле и за кои сте мислеле дека се алтруисти и космополити со одредено нивно дејание го покажале токму спротивното, има животни ситуации кои ве тераат на размисла за познавањето на човековата душа и психа, мислејќи дека добро ги познаваш луѓето со кои си делел некогаш добро и зло, а изнедруваш дека си се излажал и за миг препознаваш хипокризија во однесување на твои собеседници за кои си делел мислење дека се исклучиво чесни и правдољубиви. Во сите тие мигови кога сум полемизирала и разменувала ставови, со секој мој соговорник сум се однесувала во духот на Волтеровата максима - И да не се согласувам со мојот собеседник до крај ќе се борам за правото тој да го изкаже своето мислење. Но вчеравечер жално но вистинито ја прекршив таа максима, но верувајте ми не почувствував потешкотија, напротив, ми олекна, бидејќи има мигови и ситуации пред кои не можеш да премолчиш и да дозволиш да се пласираат лаги и извитоперени приказни кои се далеку од умот и се граничат со лудило. Токму и тие он-лајн дебати што неколку дена во доцните часови ги водам со мои виртуелни фб пријатели, но и присуството на граѓански протест ме натераа на мисла и размисла за поентата на граѓанскиот активизам и од тука се исполи и идеата за колумнава. Што значи шарена наспрем сендвич револуција? Сендвич револуција Сендвич револуцијата, сама по себе си го изнедри името, бидејќи симболот на контра протестите е сендвичот, голем или мал, побогат или посиромашен, посен или мрсен, секако во зависност од должината на протестот и оддалеченоста од местото на живеење на протестантот. Секако дека овој вид на протест или револуција може да се именува и како автобус револуција, но некако посуптилно ми звучи името сендвич бидејќи нели тој е симболика на контра протестантите. Овој вид на протест ќе го препознаете по симплифицираноста на одговорите на оние кои дошле да го следат или по збунетоста и не знаењето на соодветен одговор за што протестираат кога ќе бидат прашани од новинарите. Повеќето од нив се однесуваат како Алиса во земјата на чудата, некои полни со патриотски дух и вознесени само како папагали  повторуваат-не ја даваме државата да ни ја продадат, а кутрите дошле да протестираат за аболиција, трети во духот на нивниот вкус за музика се фатиле за оро и пејат ли пејат мислејќи дека се на свадба, само уште зетот и невестата им фалат. Меѓу нив има и такви кои ретко доаѓаат во големиот град па ја користат можноста, но страм да им е на организаторите, им ставаат жичана ограда и кутрите не можат никаде да прошетаат. Секако дека ќе сретнете и такви кои се мислат големи патриоти, демек многу чинат за државата и демек партија не ги интересира, и глумејќи родољубивост суптилно ви покажуваат дека ни х нема од нивната хуманост, а која толку љубеле да ја прикажат и покажат јавно. Е жална Македонија ако си дојдена такви патриоти да те бранат, сигурно до првата кривина ке те заборават. Шарена револуција Шарената револуција е симбол на ова наше Македонско совремие, на ова наше денешно битисување. Многумина полемизираат и мудруваат над терминот, што всушност значел, а овој термин има една сеопфатна социолошка димензија. Шарена револуција симбол на разноликоста, симбол на прифаќање и заедништво на секој различен по низа социо-демографски белези, симбол на сплотеност на етнички, религиски, културно другиот, симбол на борбата на различностите за една иста кауза. Оваа револуција подразбира сите поединци, различни по секоја основа да го кренат својот глас   против злото, против монструозноста, глас против привилегирањето и аболицирањето на грешници, глас против уништувањето и сквернавењето на сета убост која е поинаква од смислата и размислата на оние кои што владеат, глас против замолчувањето и иселувањето на паметните и креативните. Шарените револуционери се доказ и показ дека оваа држава има потенцијал и енергија да се врати на вистинскиот пат и наместо сеење на омраза, неправда, болка и горчина, да го посее семето на мирот, слободата, правдината и разбирањето. ДА ЖИВЕЕ ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД