Шарли продолжува да го тресе светот: Протести во престолнината на Нигер поради карикатурите на Мухамед
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2015 12:43
Околу 1000 лица, воглавно млади, се собрале денеска во престолнината на Нигер Нијамеј за да протестираат поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во весникот „Шарли Ебдо“.
Демонстрантите кои се собрале пред големата џамија во Нијамеј, фрлале камења врз припадниците на полицијата, која употребила солзавец за да ги растера.
Протестот е организаиран после вчерашните демонстрации одржани во градот Зиндер, втор во големина во Нигер, каде четири лица загинале а 45 се повредени.
Како што изјавил министерот Масауду Хасуми, во вчерашниот инцидент загинале еден полицаец и тројца цивили.
Во текот на протестот се запалени францускиот културен центар и три цркви.
Националното радио пак јавило дека во протестот се повредени 22 припадници на силите за безбедност како и 23 демонстранти.
Можеби ќе ве интересира
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




