ШЕФ НАФТАШ: Нафтата нема да излезе од мода преку ноќ
Објавено во: Анализа 30 Јули, 2017 19:51
Побарувачката за нафта би можела да почне да паѓа за околу 10 години, вели директорот на компанијата Шел.
Побарувачката за нафта би можела да биде на максимум до крајот на 2020 година или во почетокот на нејзините триесети години во најдобар случај, и тоа доколку технологијата и политиката брзо се развиваат, изјавил Бен ван Берден.
Според негови зборови, за намалување на обемот на потрошувачка на нафта, во наредните 10 години, ќе бидат потребни политиката и технологијата брзо да се развиваат како би се забрзал преминот на почиста енергија, рекол тој.
Сепак, мисли дека нафтата нема да излезе од мода преку ноќ.
„Дури и во најлошо сценарио, во кое политиката навистина работи во најдобар интерес, каде технологијата во голема мерка олеснува, нема да дојде до значајно намалување на побарувачката за нафта одеднаш, дури и ако тоа се случи, нафтата нема да излезе од мода преку ноќ“, рекол тој.
Неговиот став побарувачката за нафтени деривати да престане така брзо, е посериозна во однос на други анализи.
БП прогнозира дека побарувачката за нафта нагло би можела да почне да паѓа околу 2035 година.
Меѓународната агенција за енергетика не го гледа тоа сценарио се до 2040 година, дури и под претпоставка дека нациите ширум светот ги почитуваат најавените “цели и намери“ како би ги ограничиле емисиите на штетни гасови и да генерираат повеќе енергија од обновливи извори.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





