19 Декември, 2025
0.0496

Шекеринска најде фирма: Секој војник ќе има нови чизми во АРМ

Објавено во: Економија 08 Октомври, 2018 14:53

Добивај вести на Viber

– Членството во НАТО не ни е само политичка цел, туку и шанса македонската Армија да функционира подобро, а нејзините припадници да имаат подобри услови за работа. Денеска го потпишав Договорот со кој Армијата на Република Македонија ќе обезбеди нови 7.200 војнички чизми буквално за секој нејзин припадник.

Ова денеска го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, која пред почетокот на првиот студентски час се обрати на новата генерација питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Шекеринска информира дека одлуката за јавна набавка веќе беше прикачена на системот за јавни набавки, а договорот е потпишан денеска. Се работи за домашна фирма, во доминантно хрватска сопственост. Ќе бидат обезбедени околу 7.200 чизми во вредност од околу 650.000 евра.

– Овој процес го почнавме на самиот старт на годината, низ транспарентна постапка, со технички дијалог, со шанса за сите фирми да учествуваат, рече Шекеринска и изрази задоволство што овој договор станува важечки.

Ваква набавка која, како што рече, ќе оди буквално до секој војник во Армијата досега не е реализирана. Последен пат војнички чизми се набавени со договор во 2012 година, но и тогаш за помалку од половина од припадницвите на АРМ.

Министерката за одбрана изјави дека согласно правилата во огласот за јавна набвавка, целосната испорака на чизмите треба да се случи во рок од 90 дена.


Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар