Шекеринска: Влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе
Објавено во: Македонија 27 Март, 2020 17:49
Mинистерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето по повод формалното зачленување на земјава во НАТO, изјави дека денешниот датум – 27 март е датум кој ќе влезе во учебниците на нашата историја.
Вели дека тоа ќе биде датум на првиот голем успех на нашата независна и суверена држава.
„Таму ќе пишува дека на 27 март 2020 година, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО – Алијансата. Со денешниот финален чин на депонирање на Северноатлантскиот договор во Стејт Департментот во Вашингтон, станавме полноправна, официјална, 30. земја – членка на најмоќниот воено политички сојуз на денешнината. Влеговме под чадорот на колективната безбедност кој штити милијарда луѓе во светот. Денешниов ден го чекавме речиси 30 години. Нека ни е честито!“– рече Шекеринска.
Таа рече дека нашата битка е влез во НАТО и ЕУ.
Додаде дека скоро 30 години го чекавме овој ден.
„На моменти мислевме дека оваа цел ќе ни биде недостижна, но покажавме дека кога нешто сакаш и невозможното станува возможно“, рече министерката.
Македонија стана 30-та членка на НАТО. Министерот за надворешни работи, Никола Димитров изјави дека од денес ги имаме САД и 28 земји членки за сојузници.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





