Шеќеринска: Kако жена сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2016
Радмила Шекеринска од СДСМ е разочарана од изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
„Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија. Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи “ - рече утрово заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, од хотелот „Александар палас“, каде што американската амбасада организираше следење на разултатите од гласањето.
Честитки и желби за добра соработка со традицнионалниот партнер на Република Македонија упатија и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Артан Груби од ДУИ.
Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли денеска кажа дека останува поддршката на САД кон Македонија.