29 Септември, 2024
0.0263

Шеќерот поскапува

Објавено во: Анализа 10 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Намалувањето на производството од најголемиот производител на шеќер во светот - Бразил, може да стави крај на долгогодишното обилно снабдување, што ќе ги зголеми цените во следната година, сметаат трговците со оваа суровина. Бразилските производители, на кои им се паѓа 40% од светскиот извоз на шеќер во последната сезона на податоци на Министерството за земјоделство на САД, ги затвораат фабриките и ги стегаат своите инвестиции во шеќерна трска, откако четврта година по ред понудата значително ја надминува побарувачката, поттикнувајќи ги инвеститорите да очекуваат зголемување на цената на шеќерот. "Продолжуваме да сметаме дека намалувањето на производството може да доведе до надмоќ на побарувачката над понудата во следната сезона, водејќи до намалување на резервите акумулирани во последните 4 години", рече аналитичарот во Standered Chartered Абах Офон. Трговска организација Unica ја намали прогнозата за производство на шеќер со 1,1 милиони тони во сезоната 2014-15 година, поради сушата во текот на годината во централно-јужниот регион на Бразил, каде што се произведува околу 90% од локалната продукција. Влоговите за обновување на цените на шеќерот доаѓаат иако преовладуваат очекувања на пазарот за пад. Цените на шекерот паднаа до ново 7-месечно дно од 14,93 центи за фунта (0,45 килограми.) Во понеделникот, доста под просекот 100-дневна вредност од 17,83 центи. Во последните 2 недели шеќерот поевтинува со 2% и 9% во последната 1 година. Прогнозата на меѓународната организација за шеќер (ISO) од август ги потврди очекувањата за ниски цени и производствен вишок од 1,3 милиони тони во 12-те месеци, почнувајќи од октомври. "ISO смета дека дури и при прогнозираниот мал вишок едвај ќе дојде до зголемување на пазарните цени од сегашните им нивоа", вели организацијата, посочувајќи дека потрошувачката треба да ја надмине понудата со најмалку 3 милиони тони, за да се обноват цените. Организацијата исто ги предвиде влошените изгледи во Бразил, предвидувајќи пад на производството со околу 2% во следната сезона. Според Standard Chartered трендот на шеќерот ги оправдува долгите позиции на банката. Банката очекува цените да надминат 18 центи за килограм до крајот на годината. Последните податоци ги поддржат овие тврдења, како меѓу 26 август и 2 септември шпекулантите намалиле нето кратки позиции во опции на бел шеќер со 117 Лот на Њујоршката берза. Според експертите повисоките цени нема да им наштетат на производителите. "Дури и при повисоки цени се уште ќе има голема понуда на пазарот. Се разбира, компаниите може да ги зголемат донекаде цените, но нема да дојде до недостиг на шеќер ", истакна висок менаџер во Phillip Futures Автар Сандху. Phillip очекува цената на шеќерот да достигне просек 19 центи за килограм во 2015 година, и покрај опасноста од посилен долар, поради можноста од повисоки камати во САД следната година. К.К.