06 Декември, 2025
0.1613

Шенер: Ако нема карго-аеродром, парите ќе одат за проширување на „Александар Велики“

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2014 12:28

Добивај вести на Viber

ТАВ не се откажува од изградбата на карго-аеродром во Штип, но за конечна одлука дали овој аеродром ќе се гради потребна е потврда од метеоролошките истражувања кои ќе траат 10 години, вели првиот човек на ТАВ Холдинг Сани Шенер. „Ако резултатите покажат дека таму изградба на карго-аеродром не е можна, парите ќе ги вложиме во нешто друго, на пример во проширување на терминалот на скопскиот аеродром, бидејќи сме сигурни дека овој аеродром уште ќе расте“, вели Шенер, кој деновиве имаше средба со македонски новинари во Истанбул. Турската компанија која оперира со двата аеродрома во Македонија - Скопје и Охрид, вели дека нејзината инвестиција во земјава досега изнесува 120 милиони евра. Изградбата на карго-аеродромот би чинела дополнителни 60 милиони евра, а досегашната инвестиција ТАВ очекува да им се врати по 15 години. Според Шенер, за дополнително да се развие аеродромот „Александар Велики“, неопходно е Македонија да има национален авиопревозник. „Во моментот таа улога ја играат „Туркиш ерлајнс“, кој лета 14 пати неделно на релација Скопје – Истанбул, и нискотарифната „Виз ер“, која лета директно од Скопје до многу европски градови. Но законите наметнуваат посебни правила кои мора да се исполнат за да еден авиопревозник добие статус на национален. Ние инвестиравме во аеродромите, сега некои бизнисмени мора да се осмелат да формираат и да финансираат национален авиопревозник“, вели генералниот извршен директор на ТАВ. Лани од скопскиот и охридскиот аеродром полетале или слетале повеќе од 1 милион патници, бројка која годинава, според ТАВ, сигурно е дека ќе биде и 1,2 милиони патници. Зголемување има, но затоа, на нивниот аеродром во Истанбул бројката од 1 милион патници се постигнува за само 10 дена.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија