Шест бенефиции во кои може да уживаат само Грците
Објавено во: Балкан 23 Јули, 2015 10:10
Животот далеку над своите можности има своја цена, а сметката на Грците им стига на наплата, пишува Вечерњи лист.
Германски Фокус издвои шест грчки бенефиции за кои другите Европјани може само да сонуваат:
1. Државата го финансира годишниот одмор
Со досегашните реформи околу 2,6 милиони грчки пензионери од јавниот сектор сега имаат до 30 посто пониски пензии.
Некаде се и преполовени, што не е ни толку чудно бидејќи просечната грчка пензија во јавниот сектор изнесувала 20 посто повеќе од просечната грчка плата. Покрај тоа, многу пензионери и понатаму имаат 13 пензија во мирување во облик на божиќен и велигденски бонус. А сите вработени, и оние кои имаат најниска пензија, од државата добиваат платен шестдневен годишен одмор за кој државата издвојува до 1200 евра. Грците оваа бенефиција ја нарекуваат „социјален туризам“.
2. Додаток на најниска пропишана пензија
Најниска со закон пропишана пензија во Грција изнесува 490 евра за 35 години работен стаж. За споредба - во Хрватска за 35 години работен стаж најниска пензија е 276 евра. Меѓутоа, на најниската пензија во Грција се уплатува и „солидарен додаток“ кој изнесува помеѓу 30 и 230 евра.
3. Во пензија после 15 до 17 години стаж
Грчките земјоделци може да одат во предвремена пензија после 15 години работен стаж кога наполнат 60 години. Жените во Грција можат во предвремена пензија со 60 години ако работеле 4500 работни дена (17 години).
Одбитоците за предвремена пензија во Грција се релативно ниски, во споредба со другите земји на ЕУ. Тие зависат од возраста, брачниот статус и занимањето.
4. Работодавачот плаќа бонус за пензија
Освен доприносот за пензија, кој мора да го плаќаат по закон, работодавачите во Грција им плаќаат на своите работници и пензиски бонуси во облик на фиксен паушал.
Тој износ се пресметува без камати кога вработениот оди во пензија и така на работникот кој оди во пензија после 35 години стаж работодавачот на крај ќе му исплати по 100 евра за секој месец работа - а тоа е износ од 42.000 евра, со кои новиот пензионер може да си купи убава викендица.
5. Без легализиран имот нема данок на недвижности
Во Грција не постоел ниеден облик на данок на недвижности. Многу имоти на островите и во регионите на северот од Грција воопшто не се запишани во катастар. Со самиот тој факт не е можно да се наплати данок на имот или наследство. Дури во 2009 грчката влада почнала да наплаќа накнада преку сметки за струја. Имено, на сметките за струја е запишана и површината и староста на недвижноста. Единствен данок на недвижнина е воведен лани, а според податоците на Ципрасовата влада повеќе од милион сопственици не платиле данок на недвижнина.
6. Плаќање данок? Ма каков црн данок
Корупцијата е широко распространета во Грција. Многу даночни институции ги затвараат очите кога се работи за надзор на финансиско работење. Многу клубови или ресторани својот приход воопшто не го пријавуваат или пријават минимален износ за оданочување. Продавниците и сличните на нив не мораат додатно да плаќаат чистење на улици и одвод на отпадот. Се тоа е вклучено во општинскиот данок кој изнесува пет посто.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




