18 Декември, 2025
0.0637

ШЕСТ НЕДЕЛИ ПО ВТОРАТА ДОЗА ДОБИЛА КОРОНА - српска водителка раскажува како и помогнала вакцината

Објавено во: Балкан 15 Април, 2021 13:02

Добивај вести на Viber

Српската водителка Ирина Вукотиќ била ревакцинирана против коронавирусот пред шест недели, а после тоа дознала дека е позитивна на вирусот. Таа посочува дека, благодарение на вакцината, поминалао без поголеми проблеми и последици.

„Открив дека имам корона во понеделник, на 5 април. Два дена порано, носот почна да ме чеша. Бев убедена дека станува збор за алергија на полен, па затоа и се јавив на д-р Тања Радосављевиќ, пулмолог, која честопати беше гостин во мојата емисија и ја прашав за совет. Ми рече да земам ериус. Бидејќи лекот не делуваше, повторно се обратив до неа. Јас и објаснив дека носот ми е затнат, дека слушам помалку и дека чувствувам замор. Секако, таа веднаш ме упати да направам тест на крвта, но и тест за корона. Малку збунета, потенцирав дека сум ревакцинирана пред шест недели и дека нема шанси да се разболам. Таа беше упорна: „Ајде, направи тестови, да ја отстраниме таа можност“, ја започна приказната водителката на Hello.

„Во шест часот попладне пристигнаа резултатите и јас бев позитивна на короната. Јас сè уште не верував во тоа. Првата мисла беше: ‚Но, јас треба да одам на работа утре'. Веднаш отидов во Трамполин и го повторив тестот. Немаше грешка. Таа вечер се појавија првите сериозни симптоми, но најважно е дека никогаш немав температура, ниту пак беше зголемен некој параметар. Со исклучок на силна кашлица што ми пречеше неколку дена, се чувствував како да имам ‚обичен' грип. Со целосна самодоверба, отидов кај д-р Горан Стевановиќ, од Клиниката за инфективни болести, кој веднаш врз основа на наодите заклучи дека станува збор за лесна форма на корона. Ми даде терапија и истакна дека морам да одмарам.

„Мојот пријателка, кој се зарази кога и јас, како и нејзините родители, на кои таа им го пренесе вирусот, не можат како мене да кажат - дека не им е ништо страшно. Напротив, додека јас сум на пат кон закрепнување, мојата сила и концентрација се враќаат, тие сè уште се борат со висока температура, имаат покачено ЦРП и Д-димер. Слободно можам да кажам дека вакцината ми го спаси здравјето и животот, ми спаси потешки клинички слики. Затоа, ова мое обраќање директно до јавноста е да се укаже на поради полупроверените информации на непрофесионални луѓе со кои сме поплавени од сите страни секој ден“, вели оваа водителка.

Извор: Блиц рс

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии