05 Декември, 2025
0.2454

ШЕСТ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ: имале документи со туѓи имиња, но и пари, печати од фрими и државни институции

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2025 10:05

Добивај вести на Viber

Уапсени се повеќе лица од Турција и Узбекистан поради фалсификување на дозовли за престој и други документи, откако биле извршени претреси во Скопје од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека уапсени се шест лица, четворица од Турција, а две лица од Узбекистан.
На 21.10.2025 во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик - се наведува во објавата на МВР.
Од таму додаваат дека во домот на еден од уапсените пронајдени се пет лица без дозволи за престој, но и документи на имиња на други лица, и пари од повеќе различни валути. 
При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои индикација дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело - прецизираат од МВР.

Додаваат дека лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите