18 Мај, 2024
0.0318

Шест зборови на Ернест Хемингвеј: Ова е најкратката приказна на светот!

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Беше прилично млад, легендарниот Ернест Хменигвеј, кога во текот на разговорите со своите колеги писатели, многу постари од него, одлучил да се пофали по секоја цена, „па каде пукне, нека пукне“.

Тогаш им рекол на своите соговорници дека е во состојба да напише целосна приказна во само шест зборови!

Никој не му поверувал, но сите го сфатиле тоа како труд и желба младиот писател да се истакне меѓу старите колеги. Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да се пошегуваат, па се кладиле дека тоа е неизводливо, а секој од нив вложил по 10 долари како му докажале дека тоа е невозможно.

Ернест зел една палома од масата, и на неа напишал шест зборови.

Не сакал да прочита наглас, туку им рекол на колегите до него да го направат тоа наместо него. Никој не прочитал наглас, туку сите се погледнале меѓу себе. После неколку минути, му се извиниле на идниот литаратурец, па едноставно изјавиле дека шест зборови се и повеќе од доволни за да се напише приказна. И тоа, добра приказна.

Јасно е дека приказната може да содржи многу повеќе зборови, но можно е да се изведе чудо и со само шест зборови, и тоа била поентата на кладбата.

Еве ја приказната на Хемингвеј:

„На продажба. Чевли за бебе. Неносени“.