17 Декември, 2025
0.0948

Шеста конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“

Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 09:38

Добивај вести на Viber

Bо соработка со централните банки на Холандија и Португалија, Народната банка на Република Македонија  ја организира шестата конференција за „Платните системи и системите за порамнување хартии од вредност“, што од денеска до 3 јули се одржува во Охрид.

Воведно обраќање на конференцијата ќе има вицегувернерката Маја Кадиевска-Војновиќ.

Конференцијата има меѓународен карактер  и на неа ќе учествуваат претставници од деловните банки, останатите финансиски институции и регулаторите на инфраструктурата на финансиските пазари во Република Македонија, како и претставници од централните банки од земјите на Централна и Југоисточна Европа.

Целта на конференцијата е да ги поврзе експертите од финансискиот сектор заради споделување на знаењето од областа на новите стандарди за работа на платните системи и системите за порамнување на хартиите од вредност, да отвори дискусија во врска со истражувањата на најновите трендови кај големите плаќања, управувањето со ликвидноста, иновативните, општествено корисни и сигурни платни производи и услуги, како и на иновативните решенија и безбедносните аспекти на плаќањата.

Се очекува дека одржувањето на конференцијата ќе го олесни спроведувањето на „Стратегијата за развој на платниот систем на Република Македонија во периодот 2013-2017 година“, што беше усвоена во март годинава.

Со спроведувањето на оваа стратегија би се зголемила сигурноста и ефикасноста во извршувањето на плаќањата и прифатеноста на ефикасните безготовински платни инструменти, а воедно би се обезбедило постепено исполнување на условите за интегрирање во Единствената европска платежна област - СЕПА.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години