ШИД отворен од утрово, со српски пасоши се може во Хрватска-не и со регистрации!
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2015 11:16
Граничниот премин Шид е отворен од утрово во 6.15 часот и на него важи истиот режим на сообраќај за патнички возила и автобуси, соопшти Авто мото сојузот на Србија.
На тој граничен премин сообраќајот бил затворен од синоќа во 22.10 ч.
Граѓаните со српски пасоши може непречено, од околните земји, да влезат во Хрватска, додека и понатаму е на сила забраната за влез во Хрватска за возила регистрирани во Србија.
Патничките терминали на граничниот премин Батровци се отворени во двете насоки, освен што во Хрватска може да влезат само државјани со српски пасоши, додека и понатаму е на сила забраната за влез на возила кои се регистрирани на подрачјето на Србија.
На сила е исто така и забраната за влез на тешки товарни возила на влезот во Хрватска на граничниот премин Батровци, освен за тешки товарни возила кои пренесуваат расиплива стока.
Сите гранични премини со Унгарија се отворени, а задржување на патничките возила се движи во интервали од 15 до 30 минути, додека тешки товарни возила на Хоргош и Кечебија се задржуваат повеќечасовно.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




