Шилегов од Гостивар: Нема драконски да ги казнуваме дуќанџиите
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2016
Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, во денешната посета на Гостивар посочи дека неговата партија ќе се заложува да нема драконски казни за дуќанџиите и дека ќе се применува фер опоменување пред да се примени казнување.
„Поразговаравме со дуќанџиите и сите се жалат на една иста работа, драконските големи казни. Ги образложивме нашите ставови околу тие казни, немањето на казна на првата опомена, и преполувањето на казните се ветувања коишто ги прави Социјалдемократскиот сојуз. Со луѓето разговараме за нивните секојдневни маки, тие маки се од таков тип и карактер што нивната концентрација е кон барање на нови работни места и зголемување на постојните плати. Како Социјалдемократски сојуз на Македонија, кажавме дека во текот на четири годишниот мандат ќе продуктираме 64 илјади нови работни места и ќе ја зголемиме платата, нашата крајна цел е да го направиме животот во Македонија подобар, подостоинствен на начин што луѓето ќе ги почувствуваат благодетите на нашата економска програма на начин што луѓето ќе престанат да се делат по секој основ од економски, политички, па до меѓунационален со крајна цел да ги задржиме младите во Република Македонија“ посочи Шилегов.