Шилегов за „Етнос“: Се надевам дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“
Објавено во: Македонија 07 Април, 2021 12:05
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за грчкиот портал „Етнос.гр“ ја коментираше соработката со градоначалниците на Солун и Атина, а меѓудругото изрази надеж дека „коњот ќе биде отстранет од централниот плоштад“.
Вака Шилегов го искоментира прашањето во однос на спомениците на скопскиот плоштад, за кои објасни дека се во надлежност на општина Центар. Скопскиот градоначалник алудираше на споменикот „Воин на коњ“ за кои Грција смета дека не е во духот на Преспанскиот договор.
Шилегов меѓудругото ги коментираше и галиите во коритото на реката Вардар и ја објасни одлуката за отстранување на едната од нив од кејот во центарот на главниот град.
-За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, цитиран е Шилегов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





