20 Декември, 2025
0.0930

Шиповиќ пред истражниот судија ги отфрли сите обвиненија

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2013 20:34

Добивај вести на Viber

Повеќе од четири часа денеска беше сослушуван претседавачот Мирослав Шиповиќ кој останува во затворот во Шутка. Шиповиќ пред истражниот судија Иван Џолев се изјаснил дека не е виновен за обвинението, соопшти неговиот адвокат Стерјо Зиков. Притоа Шиповиќ детално ја образложил функцијата во „Машинопромет“ и целосно ги отфрлил наводите за проневера на околу милион евра, според обвинитениот акт. Како што изјави Зиков, судот дополнително треба да одлучи за барањето за укинување на притворот. Истовремено, укажа Зиков, се доцни и со давањето исказ пред истражниот судија. „Законската обврска на истражниот судија беше да го сослуша Шиповиќ во рок од 24 часа од денот на неговото екстрадирање во Македонија, но судијата тоа не го испочитува. Мирослав Шиповиќ инсистираше истиот ден кога го донесоа во Македонија да даде исказ пред истражен судија , а еве  по четири дена конечно ќе проговори пред судијата“, изјави Зиков. Адвокатот посочи и дека ќе се понуди гаранција за судот да му дозволи на Шиповиќ да се брани од слобода. Тој беше уапсен на15 октомври во Виена, додека се врачал во Македонија од САД. Покрај него, за имотот на „Машинопромет“, се приведени десетина лица во акцијата „Претседавач“. Како гараанција за да се брани од слобода, опозицискиот врв најави дека ќе го даде својот имот. Опозиционерите сметаат дека ова е политички монтиран случај за да ја блокира работата на Советот на општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии